Центарот за равој на Југоисточниот плански регион, во рамките на проектот "Размислуваме за компостирање – посветени на одржување на органскиот синџир" бр. на проектот CB006.1.11.013 кој се имплементира во соработка со Асоцијацијата на Југозападни Општини, Р. Бугарија, објавува јавен оглас за доделување на 400 компостери во Југоисточниот регион каде припаѓаат општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица.
Право на учество имаат сите граѓани кои ги исполнуваат следните услови:
• Кандидатот да биде жител на една од погоре наведените 10 општини на Југоисточниот регион;
• Живеалиштето на кандидатот да биде во куќа;
Потребни документи за пријавување се:
1. Пријавен лист кој може да го превземете на следниот линк: ПРИЈАВА или во просториите на Центарот за развој на ЈИПР на ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на секоја од општините во Југоисточниот регион.
2. Копија од лична карта/пасош;
3. Копија од имотен лист (за луѓето кои живеат во град). **
Пополнетите пријави и дополнителните документи може да се испратат електронски на maja.doncheva@rdc.mk или истите да ги достават во просториите на Центарот за развој на Југоисточен плански регион со адреса: ул. Боро Џони Бр.10, Струмица како и во просториите на десетте општини на Југоисточниот регион најдоцна до 20.08.2017 година.
Изборот на кандидати кои ќе добијат компостер ќе биде по принципот прв пријавен – прв услужен, односно по редослед на пријавување.
За дополнителни информации контактирајте го следното лице:
Маја Дончева – Центар за развој на Југоисточниот плански регион
Тел: 071 251 205
Е-мејл: maja.doncheva@rdc.mk
Лица за контакт за дополнителни информации од секоја од општините се:
* Во секоја општина бројот на компостери кои се доделуваат се одредува процентуално спрема бројот на жителите во таа општина. Доколку во некоја општина има недоволен број на пријавени лица, компостерите ќе се доделат во некоја од останатите општини од регионот каде бројот на пријавени лица е најголем.
**Имотниот лист не е задолжително да биде оригинал, може да биде копија од веќе постоечки или истиот да се превземе со внесување на податоците од следниот линк: http://www.katastar.gov.mk