AMD Strela

 

Вечерва се отвора големата музичка сцена на „Струмица опен фестивал“

Вечерва се отвора големата музичка сцена на „Струмица опен фестивал“
Објавено на: 11 Aug 2017

Од вечерва се отвора големата музичка сцена на „Струмица опен фестивал“. Започнуваат трите музички вечери со многу ѕвезди кои на публиката ќе и понудат незаборавни музички доживувања за сите генерации. Големата опен фест сцена ќе ја отворат Гаро и браќа Тавитјан со специјалните гости од Балканот, популарните Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ, познатиот српски и екс–ју бенд Галија, а првата музичка вечер ќе заврши со електронската музика на Александар Галоски и Пата Пата рекордингс.

Богатата фестивалска музичка програма продолжува утревечер со настапите на македонската поп пејачка Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог и една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга. На последната фестивалска вечер во недела на големата ОПЕН ФЕСТ сцена, ќе настапат Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот годинава му припадна на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика.

Инаку, во рамките на фестивалот, синоќа, покрај езерцето се одржа вечер на афоризми, а во летниот амфитеатар STAND UP COMEDY со Никола Тодороски.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK