Денеска околу 12,40 часот во близина на Градската капела во Струмица, по петходна бркотница низ градот на две полициски возила и џип„опел фронтера“дошло до употреба на огнено оружје од страна на полицијата при што се повредени двајца од џипот, кои се пренесени на лекување во струмичката болница и во Ургентниот центар во Скопје.Според непотврдени информации,бегалците откако биле запрени ги нападнале полицајците, кои го употребиле службеното оружје.
Инаку, џипот со словенечки регистарски ознаки полицијата го бркала поради дојава за кражба во близина на браната Мантово. Во него се превезувале четворица, а во пукањето се повредени Т.Д. и А.Ѓ.
На местото на инцидентот извршиле увид екипиа на МВР-Скопје и Внатрешна контрола на МВР и јавен обвинител.
Извор:Радио СтрумицаНет