Претпладнево избувнал голем шумски пожар меѓу гевгелиските села Негорци и Кованец. Според првичните информации зафатена е голема површина на нискостеблеста шума во подножјето на планината Кожув, а чадот може да се забележи оддалеку. Поради јужниот ветар пожарот се шири и во моментот пламените јазици се движат кон селото Смоквица.
Екипи на противпожарната единица од Гевгелија и на Шумското стопанство се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.
Фото:архива
Р.Т.