Плоштадот „Гоце Делчев“ и синоќа беше преполн со луѓе од сите генерации кои до раните утрински часови уживаа во прекрасниот избор за втората музичка вечер на шестото издание на „Струмица опен фестивал“. Незаборавни музички доживувања на големата фестивалска сцена понудија македонската поп пејачка Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, Mustique и Astra-ion Project.
Годинашното изадание на „Струмица опен фестивал“ завршува вечерва. На големата ОПЕН ФЕСТ сцена ќе настапат Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот годинава му припадна на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика.