Настапот на балканската мега ѕвезда, Дино Мерлин, на затворањето на годинашново издание на Струмица опен фестивал предизвика вистинска окупација на Струмица од автомобили и гости дојдени од сите градови на државата, но и од соседна Бугарија. Како што на плоштадот пред големата фестивалска сцена немаше игла каде да падне, така сите улици во градот беа затрупани со автомобили. Како никогаш досега Струмица не била попосетена, што доволно зборува за интересот кој го предизвика гостувањето на Дино Мерлин.
На концертот на Мерлин присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој шести пат по ред присуствува на Опен Фест, од кои пет пати како градоначалник и сега како премиер.