Во сообраќајка во која учествувале два автобуси и два автомобила денеска околу 14,30 часот на патот Муртино-Банско се повредени вкупно 13 патници од четирите возила. Еден е потешко повреден, додека останатите 12 се здобиле со полесни повреди. Автобусите превезувале работници од фабриката „Адиент“ и се движеле од Банско кон Муртино, а од спротивната насока се движеле два автомобили марка „опел комбо“ и „опел зафира“. Како и зошто дошло до сообраќајната несреќа треба да утврди истрагата, а од полицијата повеќе детаљи најавуваат за утре.