AMD Strela

 

МВР за вчерашната сообраќајка кај Муртино:вкупно повредени 15 патници

МВР за вчерашната сообраќајка кај Муртино:вкупно повредени 15 патници
Објавено на: 16 Aug 2017

На 15.08.2017 година во 14.20 часот на локалниот пат с.Банско-с.Муртино се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Ван Хол“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Б.К. (62) од Радовиш,  автобус „Неоплан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Ј. (59) од с. Градско Балдовци,  теренско моторно возило „Опел Комбо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М. (51) од с.Радово и патничко возило „Опел Зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.И. (26) с.Банско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.М., возач  на теренското возило „Опел Комбо“, кој бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатник од патничкото возило „Опел Зафира“ и 13 патници од автобусот „Ван Хол“, кои по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Струмица биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK