AMD Strela

 

Независниот синдикат на полицијата со протестен марш за поддршка за колегата кој пукаше од службениот пиштол

Независниот синдикат на полицијата со протестен марш за поддршка за колегата кој пукаше од службениот пиштол
Објавено на: 16 Aug 2017

Независниот Синдикат на Полицијата ги повикува сите членови на Синдикатот како и сите колеги од МВР на РМ, со свое присуство на маршот организиран од НСП во недела на ден 20.08.2017 година да дадат поддршка на колегата од СВР Струмица кој неправедно и незаконски е осомничен дека е сторител на кривично дело, стои во соопштението на синдикатотот.
Маршот ќе се одржи со возила кои во 10.00 часот ќе тргнат од бензинската пумпа „Јован Петрол“ во Радовиш, кон кои по пристигнувањето во Струмица ќе се приклучат и возилата на учесниците од Струмица кои во 10.25 часот треба да бидат на бензинска пумпа „Лукоил“ на влезот во Струмица, по што сите возила во колона ќе се движат низ градот до 11.00 часот за кога е предвидено претседателот на НСП да даде изјава за медиумите на плоштад "Гоце Делчев".

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK