Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица објавува повик за учество на фокус група со цел изнаоѓање на нови начини и концепти за иницирање на младинско вклучување во младински организации, креирањето на локални политики и процеси на донесување на одлуките. Повикот е во рамките на проектот „Младите и младински организации како партнер на општина Струмица“ кој се реализира со финансиска поддршка на општина Струмица.
Преку оваа фокус група присутните ќе можат да го дадат своето мислење, сугестии и идеи во врска со потребите на младите и проблемите што ги имаат во општина Струмица.
Фокус групата ќе се одржи на 24.08.2017 (четврток) со почеток во 18.00часот во дом на АРМ (стара сала на Совет).
Сите заинтересирани млади за учество на фокус групата нека се пријават на: zdruzenienovus@gmail.com