AMD Strela

 

Министерот Шапуриќ во посета на Струмица

Министерот Шапуриќ во посета на Струмица
Објавено на: 22 Aug 2017

Министерот Зоран Шапуриќ престојуваше во Струмица каде оствари средба со в.д. градоначалникот Костадин Костадинов и посети повеќе производствени капацитети во овој регион. 

Како што соопшти денеска Кабинетот на министерот, на средбата Шапуриќ и Костадинов разговарале за можната соработка во разни проекти, коишто би биле насочени кон натамошен развој на економијата во општина Струмица, а во функција на подобрување на инвестициската клима за струмичките компании.

При посетата на струмичките производствени компании, Шапуриќ се запознал со нивното работење, како и со проблемите со кои  се соочуваат при извршување на дејноста. Менаџерскиот тим на компаните бил запознат со мерките што ги презема Владата предводена од премиерот Зоран Заев, за стимулирање на инвестициите од страна на домашните компании, посебно за извозно ориентираните компании и со определбата парите од Буџетот да се враќаат во стопанството, што веќе се чувствува  со многу побрз поврат на ДДВ.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK