Советот на општина Струмица в петок (25.08.2017 година) со почеток во 11 часот во домот на АРМ ќе ја одржи 56-та седница со следниот дневен ред:
1. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на општина Струмица;
2. Предлог – Одлука за определување на места за истакнување изборни плакати за Локалните избори - 2017, во Општина Струмица;
3. Барање согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
4. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6280 и 105/1 КО Струмица;
5. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 958 КО Просениково вон г.р.; и
6. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко - планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3839 и 3844 КО Куклиш вон г.р.