Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски продолжува и летово со богатиот фестивалски живот, учествајќи во официјалните програми на низа светски фестивали.
„Златна петорка“ е единствен македонски филм кој ќе се прикаже на јубилејниот XXV Интернационален филмски фестивал „Љубовта е таква“ во Варна, Бугарија, и тоа во програмата за дебитантски филмови. Проекцијата ќе се одржи во киносалата „Европа“ на големиот конгресен и фестивалски центар на 28 август (понеделник).
Инаку, филмот е селектиран на уште неколку интернационални фестивали кои ќе се одржат во септември. По гала-премиерата на „Браќа Манаки“ во Битола (каде беше прикажан вон конкуренција) филмот за релативно краток период освои пет меѓународни фестивалски награди, што е редок успех за македонската кинематографија.
„Златна петорка“ е во продукција на „Револутион“ до Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм на РМ.