AMD Strela

 

23 годишно момче од Владевци загина во сообраќајна несреќа

23 годишно момче од Владевци загина во сообраќајна несреќа
Објавено на: 26 Aug 2017

На 26.08.2017 година околу 00,45 часот на локалниот пат од с.Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено-еспејс“ со струмички регистерски ознаки управувано од П.П. (29), излетало од патот при што на самото место починал сопатникот Т.В. (23), а со тешки телесни повреди се здобил Д.С. (19) и двајцата од с.Владевци-струмичко, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Струмица бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје. Возачот П.П. исто така од с. Владевци, по незгодата го напуштил местото на настанот. Увид извршиле Јавен Обвинител и увидна екипа од ПС-Радовиш. По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото како и целосно расчистување на случајот.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK