AMD Strela

 

Премиерот Заев го честиташе празникот Успение на Пресвета Богородица од Струмица

Премиерот Заев го честиташе празникот Успение на Пресвета Богородица од Струмица
Објавено на: 28 Aug 2017

-Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога не личи да сме во нашите цркви, во нашите храмови со нашиот народ за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, рече премиерот Заев од црквата во изградба Успение на Пресвета Богородица во Струмица.

-Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица, истакна претседателот на владата на Зоран Заев во честитката.

Тој утрово присуствуваше на литургија во манастирот Свети Леонтиј во Водоча, а беше и меѓу граѓаните на Берово, во црквата Пресвета Богородица во близина на овој град.

 

 

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK