На 28.08.2017 година околу 10,30 часот во ПС-Радовиш, било пријавено дека во атар на с.Воиславци на м.в.„Добридол“ В.П. (74) од с.Воиславци, додека се движел со трактор по патот кон манастирот Св.“Богородица“, тракторот се превртел при што В.П се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот Центар-Струмица, каде им подлегнал на повредите. Сопатничката Н.П. (76) се здобила со повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Радовиш. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера во 00,25 часот на локалниот пат за с.Добрашинци на м.в.„Шапкар“ се случила сообраќајна незгода во која Е.А. (36) од с.Добрашинци управувајќи патничко моторно возило “Сеат Алхамбра“ со струмички регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, излетал од патот, удрил во бетонски столб и се превртел на кров. Во незгодата сопатничката Ф.А. (34) од с.Добрашинци се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицинскиот Центар-Струмица била префрлена во Ургентен Центар-Скопје за понатамошно лекување, додека шестгодишно девојче од истото возило се здобило со телесни повреди и било пренесено и задржано за понатамошно лекување во Медицинскиот Центар-Струмица. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Фото:архива