Министерството за транспорт врски по извршената теренска анализа и непосреден контакт со засегнатите странки утврди дека во Република Македонија до сега, процентот на легализирани дивоградби е на ниво од скромни 50 %. Од податоците со кои располага Министерството за транспорт и врски и Единиците на локалната самоуправа, констатиравме дека во најголем број случаи заради обемната и сложена административна постапка, граѓаните не успеале во предвидениот рок да го остварат своето право.
Тргнувајќи од принципот дека легализацијата на дивоградбите мора да биде праведна и достапна за сите категории на граѓани на кои овој проект им е неопходен за да конечно си го остварат уставно загарантираното право на сопственост, притоа државата да води сметка од ниту еден аспект да не го загрози социјалниот аспект на живеење, Владата денес одлучи да воведе нови рокови со кои на засегнатите граѓани ќе им овозможи дополнително време и тоа:
Услов за легализација на објектот е истиот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година. И понатаму остануваат истите неопходни документи за аплицирање како и претходно.
Дополнително, за да нема никакви компликации, за сите претходни предмети кои имаат некомплетна документација, Единиците на локалната самоуправа преземаат обврска во најкус можен рок да ги известат сите засегнати странки дека нивните претходни Барања се невалидни, за да истите можат да го искористат новиот рок од 6 месеци, да поднесат ново Барање со целосна документација.
Сметаме дека со тоа што предвидовме овие рокови да започнуваат да течат од 1 јануари 2018 година, оставаме доволно време на сите општини во Република Македонија, како и ние во Министерството за транспорт и врски заедно да ги извршиме сите неопходни подготовки и да ги ставиме во функција сите расположливи капацитети за да можеме сите нови Барања за легализација на дивоградби да ги завршиме во предвидените рокови.
Ја користам приликата да ги повикам сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да ги прифатат овие законски измени кои се исклучиво во интерес на граѓаните, рече во своето обраќање министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.