AMD Strela

 

Млади со бизнис идеи напред во Стартап академија

Млади со бизнис идеи напред во Стартап академија
Објавено на: 30 Aug 2017

Startup Академијата во партнерство со Silicon DrinkаboutСкопје одржа промотивен настан во Струмица за 10 неделната интензивна пред-акцелераторска програма по моделот Lean Launchpad која ќе започне во општина Струмица. Преку оваа програма сите заинтересирани кои ќе се пријават да бидат дел од истата ќе се стекнат со сите практични вештини за водење бизнис од аспект на валидација и тестирање на бизнис идејата, истражување на пазарот и клиентите,  започнување на бизнисот и планирање на инвестициите, практична работа со докажани и искусни професионалци како и една од главните цели на оваа програма создавање на локална заедница на претприемачи и стартапи во Струмица.

Сите заинтересирани можат да се пријават на онлајн пријавата на веб страната www.startupacademy.mkдо 12.09.2017 година и мора да ги исполнуваат следните услови:

-Да поседува бизнис идеа;
                -Да биде над 18 години;
                -Да се пријави во тим од најмалце 2 учесници, а најмногу 4 учесници;

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK