Седумдесет и осум годишниот Костадин Пандев, еден од најпознатите спортски риболовци од Струмица заедно со својот колега, Александар Буралиев, од водите на реката Вардар кај селото Удово улови крап тежок 10 килограми. Вредниот трофеј Пандев го условил на зрно од пченка на јадица број 4 со 30-ка конец. Вели дека од некокуте поставени трски за ловење крапот удрил на таа која била наменета за лов на друг вид риба. По десетминутна борба крапот се нашол во чуварката, а вредниот трофеј во наредните денови ќе биде вкусно подготвен.
Р.Т.