Во водата за пиење во селото Стојаково од изминатата недела, на 27 август, има бактерија ешерихија коли. Таа е причина што 120 жители на ова и селата Селемија и Богородица во општините Гевгелија и Богданци, во ист ден и за само два часа, барале лекарска помош во службата за Итна медицинска помош. Граѓаните имале нагон или повраќале, болки во стомак и течни столици, биле дехидрирани и голем дел од нив со потешка клиничка слика завршиле во Болницата во Гевгелија. Лекаритеод Брза помош укажале дека се појавила хидрична епидемија а епидемиолозите на подрачната служба на Центарот за јавно здравје во Велес излегле и зеле примероци на вода и од столица на заболните граѓани, рече директорот Тони Димитриев.
Сега во гевгелиската Болница се лекуваат уште двајца граѓани но и понатаму на сила е забраната за пиење на водата во селото Стојаково. Од Центарот за јавно здравје побараа да не се повтори пропустот да не бидат информирани за дефекти во водоводната мрежа бидејќи само навреме направените анализи можат да спречат вакви и потешки форми на зарази./У.Ј.
Извор и фото: Дума
Линк: http://www.duma.mk/region/veles/23289-120.html