Од силниот ветер и дожд што го зафатија Струмичкиот регион попладнево се урна дрво на патот Струмица-Просениково во близина на Кванташкиот пазар. Патот е блокиран за сообраќај, а екипа на Противпожарната единица од Струмица работи на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот.