AMD Strela

 

Неуспешен референдумот против рудниците во Босилово

Неуспешен референдумот против рудниците во Босилово
Објавено на: 03 Sep 2017

Според неофицијални информации не успеа референдумот против рудниците во Босилово, кој се одржа денеска. На гласање до 19 часот на 19 избирачки места излегле околу 40 отсто од вкупно запишаните 12.301 избирачи. За да беше успешен референдумот на гласање требаше да излезат 6.151 гласачи. Дека нема да успее референдумот во Босилово покажуваше слабата излезност во текот на денот, а во 17 часот, на два часа пред затворањето на гласачките места, излезноста беше 23.11 % или дотогаш на гласање излегле 2.843 гласачи.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK