Вчера околу 14.50 часот во Здравствен дом Валандово, без знаци на живот бил донесен Д.У. (55) од с.Пирава, Валандовско, соопшти МВР. Околу 14.30 часот во дворното место на починатиот, при извршување на земјоделски работи заедно со неговите соселани З.У. (41) и Д.В. (66), се превтрела тракторска приколка и го усмртила Д.У.. Д.В. со трактор ја повлекол приколката со својот трактор, но таа се наведнала на левата страна и го потиснала Д.У., кој починал веднаш од здобиените повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. По консултација со Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Фото илустрација:интернет