AMD Strela

 

Селекторот Ангеловски: Во градот на Пандев очекувам победа против Албанија

Селекторот Ангеловски: Во градот на Пандев очекувам победа против Албанија
Објавено на: 05 Sep 2017

Селекторот Ангеловски и напаѓачот Илија Несторовски очекуваат победа на нашата најдобра фудбалска селекција протв Албанија.

-Јас очекувам огромна поддршка од нашите навивачи, бидејќи навистина ни е потребна и затоа што Македонија е на прагот на еден натпревар кој може многу да ни донесе. Фудбалерите се подготвени за надигрување со нашиот западен сосед и смтеам дека се подготвени да го дадат и последниот атом од своите сили за да стигнеме до победа., која би ни донела во ситуација  за да забележиме еден историски пласман во кавлификациите, рече селекторот Ангеловски пред новинарите.

Фудбалерот на Палермо, Илија Несторовски, побара поддршка од публиката за вечерашниот натпревар.

-Се надевам дека ќе дојдеме до три бодови и да и вратиме на репрезентацијата на Албанија за поразот на првиот натпревар, рече Несторовски.

Натпреварот почнува во 20,45 часот на реновинариот Градски стадион „Младост“. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK