AMD Strela

 

Почнува сребреното издание на ФКТ „Ристо Шишков“

Почнува сребреното издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Објавено на: 07 Sep 2017

На денот на независнота на Македонија почнува јубилејното, 25-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен „Ристо Шишков“, кој традиционално се одржува во Струмица. На фестивалот, кој е посветен на актерот во чест на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков“, ќе се претстават педесетина актери од пет земји-Македонија, Србија, БиХ, Косово и Бугарија. Тие ќе се натпреваруваат за единствената фестивалска награда за високо актерско остварување, која се состои од паричен износ од 1.500 евра и златен медалјон со ликот на Шишков.

Завесата на годинашното издание ќе ја крене претставата на Националниот Театар Косово "Коските што доцна доаѓаат“ од Теки Дервиши, во режија на Мартин Кочовски, а веднаш по неа ќе се претстават домаќините, струмичкиот театар„Антон Панов“ со претставата „Џон Габриел Боркман“ од Хенрик Ибзен, во режија на Горан Тренчовски.

По свеченото отворање ќе биде отворена изложба на фотографии од Сречко Гунчев, посветена на сите досегашни лауреати на фестивалот, а наредниот ден ќе биде промовирана книгата „Глумецот ... е глумец...е  глумец“ од познатиот босански актер и минатогодишен добитник на признанието „Ристо Шишков“, Зијах Соколовиќ. Покрај тоа секојдневно ќе се одржуваат и традициналните разговори за претставите на тркалезната маса.

-Имаме повеќе претстави од странство, а од Македонија акцент се даде на независната продукција. Ги нема големите театри и имаме претстави кои  се од независни и алтернативни театри. Можам да кажам дека од годинашнава програма ќе има голема конкуренција за единствената награда на фестивалот. Имаме актери кои навистина нешто значат и кои се потрудиле да изградат одлични улоги, вели директорот на фестивалот, Ванчо Ристов Патриков.

Фестивалското жири кое ќе одлучува за единствената награда за всоко актерско остварување го предводи ланскиот лауреат Зијах Соколовиќ и членовите Зоран Карајиќ од Србија и  Стефан Јанков од Бугарија, еминтен театарски кричар и професор.

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK