Познатата српска актерка Татјана Тања Бошковиќ ја доби наградата „Ристо Шишков“ на годинашново издание на фестивалот за високо актерско остварување. Тричленото жири наградата и ја додели за улогата на Марија Клаиќ во претставата „Солзите се во ред“ на Звездара театарот од Белград. Наградата „Ристо Шишков“, која се состои од злаен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра, ќе и биде доделена вечерва на заторањето на фестивалот.