Долгометражниот игран филм ЗЛАТНА ПЕТОРКА во режија на Горан Тренчовски ги исполнува условите и е пријавен во процедурата за номинирање на претставник за ОСКАР за филм од неанглиско говорно подрачје, од Македонија. Покрај „Златна петорка“, пријавен е уште еден филм. Комисијата треба да донесе своја одлука и предлогот со избраниот кандидаат да се прати до Американската филмска академија до крајот на месецов. Инаку, филмот е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија, најгледан филм во киномрежата во Македонија во изминатата сезона, а досега е селектиран на дваесетина светски фестивали и се закити со 5 меѓународни награди.