Доцна синоќа падна одлука актуелниот пратеник д-р Коста Јаневски да биде кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ, а атуелниот претседател на ОО СДСМ-Струмица, Марјан Даскаловски да ја предводи советничката листа за претстојните локални избори. Одлуката веќе ја објавуваат видни членови на владеачката партија во Струмица на своите фејбук профили. Опозициската ВМРО ДПМНЕ од порано за кандидат за градоначалник го објави Марјан Бајрактаров, орален хирург и поранешен претседател на оваа партија во Струмица.