AMD Strela

 

НОВУС одржа тркалезна маса: Пристапот до информаци од јавен карактер е основа за транспарентни и отчетни институции

НОВУС одржа тркалезна маса: Пристапот до информаци од јавен карактер е основа за транспарентни и отчетни институции
Објавено на: 15 Sep 2017

Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамките на проектот „”Прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспарентност и отчетност на институциите од ЈИПР“ со помош на грант преку проект што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации , НВО инфоцентар и БИРН Македонија со финансиска подршка од Европската Унија реализираше тркалезна маса.

На тркалезната маса присутни беа новинари, медиумски работници, активисти, претставници од граѓанските организации и од институциите на системот.

На тркалезната маса се слушнаа различни ставови и искуства, се актуелизира прашањето за прибирање и обработка на информации од јавен карактер, како основа за транспаретност и отчетност на институциите од ЈИПР со цел зголемување на информираноста на граѓаните и интензивирање на соработка меѓу институциите, медиумите и граѓанскиот организации.

Заклучок од тркалезната маса беше дека институциите мора согласно законскиот рок да  даваат информации на барателите, пред се на граѓанските организации и медиумите во изработката на истражувања и новинарски стории. Покрај ова, сите присутни се согласија е дека потребно да се направи вмрежување меѓу сите засегнати страни со цел активно да се влијае врз работата на локалните и државните институции на отчетноста и јавните информации.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK