AMD Strela

 

Пронајдени девет мигранти од Пакистан кај Марвинци

Пронајдени девет мигранти од Пакистан кај Марвинци
Објавено на: 18 Sep 2017

На 17.09.2017 година во 01,30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, кај  крстосницата за село Прдејци, од страна на мешовит патролен тим од полициски службеници од Полициската Станица за Граничен премин и Граничен надзор-Богородица со полициски службеници од Р.Хрватска, забележано било патничко возило „Форд Мондео“ со радовишки регистерски таблици и при обид да го застанат возилото, возачот на возилото продолжил да се движи кон Скопје, се исклучил од автопатот кај село Марвинци и продолжил кон село Казандол. Од страна на полициските службеници било пронајдено возилото и во негова близина биле пронајдени девет мигранти од Пакистан. По консултација со Јавен обвинител мигрантите биле однесени во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор-Богородица и истите ќе бидат спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје за понатамошна постапка.

Фото: Интернет

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK