AMD Strela

 

Волонтери од ЕВН го осветлија Титов врв

Волонтери од ЕВН го осветлија Титов врв
Објавено на: 20 Sep 2017

Тим на ЕВН волонтирајќи се искачија на Титов врв (2747 м) за да постават соларни панели за потребите на планинарите. Оваа активност е во рамките на проектот "ЕВН волонтира", во кој вработените предлагаат и реализираат општествено одговорни задачи. Пат со многу препреки, различни временски услови, тешки материјали и опреми за монтажа, но, со единствена желба: да се осветли вториот највисок врв во Македонија со соларен панел. Кулата на Титов врв е изградена во 1955 година и е едно од омилените катчиња на љубителите на планинарството. Идејата на овој проект е вработените да учествуваат во настани со кои ќе придонесат за општо добро.Пред неколку дена, вработени од ЕВН го уредија дворот на објектот во кој се згрижени лицата со интелектуална попреченост во Куманово.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK