AMD Strela

 

Трибина на НОВУС:Институциите да не ги забораваат ранливите категории граѓани

Трибина на НОВУС:Институциите да не ги забораваат ранливите категории граѓани
Објавено на: 21 Sep 2017

Синоќа во Домот на АРМ Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ одржа трибина со наслов „Еднаквоста е човеково право“, на која учествуваа претставници на повеќе граѓански организации кои се грижат за правата на ранливите категории граѓани. Тие побараа од иснитуциите да не ги ја забораваат..

За проблемите на лицата со интелектуална попреченост  зборуваше Горан Сачевски од „Порака“ Струмица, кој истакна дека сите се еднакви  во општеството, а се осврна на проблемите на лицата со интелектуална попреченост.

Од Здружението на лица со телесен хендикеп „Мобилност“ зборуваше Љубе Лазаревски, кој ги истакна проблемите со кои секојдневно се соочуваат овие лица и нивните потреби. Дискутираа и останатите на трибината, а Мери  Туџарова мошне успешно ги нотираше проблемите на ранливите категории граѓани почнувајќи од (не)постоење на пристапни рамки, па се до вклученоста во образованието.

Со свои искуства и барања зборуваа и останатите претставници на ранливите категории граѓани, при шро побараа од надлежните државни институции да не бидат заборавени и упатија низа од конкретни пробелми кои бараат брзо решавање.

Од името на општината зборуваше Тони Милушев, раководител на одделение во Секторот за локален економси развој. Тој ги истакна досегашните политики и заложби на општина Струмица за вклучувањето на ранливите категории граѓани во процесот на креирање и имплементирање на општинските политики, како заложба и потврда за почитување на човековите права.

Александар Милушев од Организаторот на трибината, Центарот за истражување и анализи „НОВУС“, истакна дека јавната дебата која се реалиира е потврда за намерата сите заедно преку заедничка соработка да го актуелизираме прашањето за почитување на човековите права , особено прашањето за почитување на човековите права на ранливите категории граѓани и нивните потреби и во таа насока поттикнување на нивно интегрирање во општествените процеси во рамките на политиките на сите институции и организации.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK