Кошаркарскиот клуб „Ветерани“ од Струмица утре и в недела организира меморијален меѓународен турнир со учество на екипите на Пелистер од Битола, Борец од Велес, Тиквеш пд Кавадарци и Здравље од Лесковац. Турнирот е посветен на поранешни познати коашаркари и кошаркарски работници кои оставиле голем белег во развојот на кошарката во Струмица. Турнирот започнува утре (сабота) во 10 часот во спортската сала „Партизан“.