Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против: Г.К. (47) од Радовиш и Н.П (40) од село Јаргулица, Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело „Послужување во службата“.
Имено, прво пријавениот како командир на ТППЕ-Радовиш неовластено специјалното противпожарно товарно моторно возило марка „Волво“ (материјално-техничко средство во сопственост на ТППЕ Радовиш), без овластување од општина Радовиш му го отстапил на користење на второ пријавениот, поточно му овозможил за време на водење на смена како раководител во ТППЕ-Радовиш да се послужи и неовластено го користи на 17.09.2017 година во време од 13:00 часот до 14:00 часот за свадбена прослава.
Од страна на СВР-Струмица веднаш по пријавување на настанот превзеде мерки за целосно расчистување и документирање на основаното сомневање.