AMD Strela

 

Екипата на „Златна петорка“ бара повлекување на скандалозната одлука за неучество на филмот во трката за Оскар

Екипата на „Златна петорка“ бара повлекување на скандалозната одлука за неучество на филмот во трката за Оскар
Објавено на: 24 Sep 2017

За комесарите на чело со Тозија и Насков, не вреди учинокот на многубројната екипа која стои зад „Златна петорка“. Зошто само филмовите зад кои тие стојат, секогаш да бидат претплатени да учествуваат во трката за Оскарот, а на другите да им биде ускратено правото на тоа? Нивното вистинско лице се виде уште пред некоја година кога направија ист ваков скандал, а и лани, со фаворизираниот кандидат кој се знае каков успех имаше дома и надвор. Значи, целта им е: ако не сте наши (и ако сте барем малку подобри) не сте никој и не вредите ништо. Само вешто се затскриваат зад превезот на некакви небулозни критериуми и правилници. Си поигруваат со искуството и чувствата на сите личности вклучени во изработката на филмот. Тие се мајтапат со 17,000 гледачи во Македонија и со 80,000 во светот. Негираат дваесетина фестивали каде филмот е во официјална конкуренција. Анулираат 6 меѓународни награди. Тие се однесуваат со нашите културни вредности како да е тоа нивно дворско поле за поткусурување, а сакаат да располагаат со огромни државни пари како да ги наследиле од татко им. Удбашката цензурирачка историја како да ни се повторува... Што е многу, многу е! Конечно, да се престане со ваквите егзибиции и срамотења, оти се гледа дека системот за гласање и жирирање не им чини! Не сакаме да бидеме жртви на игрите на една мала група профитери. Конечно, да се стави крај на кулинарствата на инволвираните! Да ја поништат одлуката и јавно да ни се извинат за очигледните пропусти. Најпосле, да ги запреме да прават понатамошни такви дејанија, и јавно да ги осудиме, оти потоа веќе ќе биде доцна!!!

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK