Кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски и носителот на листата на советници, Марјан Даскаловски, денеска на заедничка прес конференција го најавија одржувањето на утрешната конвенција на која ќе бидат промовирани кандидатот за градоналаник и листата на советници, како и програмските определби за претстојните локални избори.
Интегрален текст од обраќањата на Коста Јаневски и Марјан Даскаловски:
Коста Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата
Почитувани граѓани,
Дванаесет години Струмица испишува успешна приказна, посочена за пример како треба да работи една локална власт. Затоа, денеска, стојам овде пред вас и ве повикувам заедно да ја продолжиме и во следните четири години.
Ние знаевме како, Вие ни верувавте и ни ја дававте Вашата поддршка. Да продолжиме и понатаму заедно да ја развиваме и градиме Струмица и да носиме ЖИВОТ ЗА СИТЕ.
Почитувани граѓани,
За иднината на општина Струмица нудиме многу проекти. Во претстојниот мандатен период планираме да реализираме над дваесет капитални и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во Општината.
Ќе го слушаме гласот на граѓаните, ќе градиме по план, ќе обезбедиме инфраструктура за сите, здрава животна средина, ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места. Ќе работиме посветено и одговорно.
Затоа утре бидете дел од конвенцијата на СДСМ, на која ќе ви ја презентираме визијата за иднината на нашиот град. Струмица беше и ќе остане симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество, Општина која беше и секогаш ќе биде прва.
Општина за СИТЕ.
Почитувани граѓани,
Досега бев дел од Вас и Вашите проблеми. Сега ми требате Вие и Вашата поддршка за да можеме заедно да ја продолжиме успешната приказна.
Марјан Даскаловски, носител на советничката листа на СДСМ и Коалицијата,
Почитувани граѓани,
Се наоѓаме пред нов и голем предизвик. Повторно одлучуваме за нас и иднината на нашите деца. Струмица, секогаш знаела да го направи вистинскиот избор. ВЕРУВАМ, дека така ќе биде и на 15-ти октомври.Струмица издржа кога беше најтешко. Победуваше под режимот на Груевски. Бевте со нас кога ви се закануваа, заплашуваа, бркаа од работа, ви кратеа субвенции, социјална помош. Но, не се плашевте, бевте храбри и секогаш на вистинската страна. Сега имате уште поголем мотив.Груевски и фамилијата не се повеќе власт во Македонија. Цел свет виде и слушна дека се криминалци, кои цели 11 години се богатеа на грбот на граѓаните. Ја руинираа државата, го осиромашеа народот, сееа поделби и омраза.Но, успеавме заедно, предводени од нашиот Зоран Заев, да отвориме нова страница за Македонија и за нас. Затоа на 15-ти октомври да им го кажеме и последното ЗБОГУМ и да ги испратиме таму каде што им е местото и НИКОГАШ повеќе, злото, ВМРО ДПМНЕ, да не и се повтори на Македонија.
Почитувани граѓани,
Ве повикувам, утревечер во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ на нашата Конвенција, на која ќе ги промовираме кандидатот за Градоначалник и кандидатите за членови на општина Струмица од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата.
Дојдете да ја слушнете нашата програма, нашите проекти и нашата визија за иднината на Струмица. Со нив ќе има, ЖИВОТ ВО СТРУМИЦА, за СИТЕ!