Здружението Рефлексија од Струмица ве поканува на работилница “Фриленс Работа”, која ќе се одржи на 30 Септември, сабота во просториите на СОУ „Јане Сандански“ Струмица, со почеток во 10:00 часот.
Работилницата има за цел да ги воведе младите во ваквиот тип на работа како алтернатива на стандардното вработување и исто така како можност тие самите да работат на збогатување и надоградување на сопствените вештини и способности.
На самата работилница учесниците ќе добијат одговори на следниве прашања:
- Што е фриленс работа?
- Можам ли да работам фриленс во Струмица?
- Какви вештини ми се потребни?
- Како да им пристапам на работодавачите?
- Како би требало да изгледа профил на фриленс платформите?
Искусни фриленсери од нашата Општина ќе споделат искуства и знаења кои ќе бидат доста корисни за секој почетник во ваквиот тип работа.
Активноста е дел од проект на Рефлексија за унапредување на можностите за работа на младите во Струмица, а финансиски поддржан од Програмата Г1 на Одделението ЛЕР - трансфер до невладини организации при општина Струмица.
Линк од ФБ настанот: https://www.facebook.com/events/150014398926313/