Градевме и ќе продолжиме да градиме по план и ќе обезбедиме инфраструктура за сите. За општина Струмица да биде место за живеење со правилен урбанистички развој и напреден простор потребен е континуиран процес на планирање. Струмица ќе го добие својот урбан мост кој што ќе овозмозможи ново булеварско решение кое ќе го поврзе градското јадро со просторот во касарната и месноста Софилар и ќе овозможи раст на градот кон блоковите 39, 40 и 41, каде што граѓаните ќе можат да градат објекти за индивидуално домување. -За таа цел ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените објекти. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата на овој простор:со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување.
-Ќе градиме по план. Ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места, ќе донесеме урбанистички планови за сите населени места.
-Градејќи по план, не го забораваме локалниот економски развој кој ја вклучува и бизнис заедницата. Реализирајќи ги деталните урбанистички планови во
индустриската зона ЈУГ: блоковите 15, 17, 18, 21 и 23 и следејќи ги новите мерки на Владата на Република Македонија за поддршка на домашните инвеститори, ќе овозможиме повеќе работни места и повеќе пари кај граѓаните.
Нашите ветувања се реални!
Зборот E Збор
Живот Во Струмица
За СИТЕ
За Број 19