AMD Strela

 

Јаневски на средба со спортистите и спортските работници

Јаневски на средба со спортистите и спортските работници
Објавено на: 29 Sep 2017

Еден од најпрепознатливите белези на нашиот град е спортот и спортските достигнувања на нашите спортисти. Струмица имала многу шампиони во колективните и индивидуалните спортови. Токму континуираните спортски успеси се поттик и за општина Струмица од година во година се повеќе да го помага спортот и да го зголемува износот, кој од буџетот е наменет за спортот. Отсекогаш имињата на нашите прославени спортисти, кои патот кон успехот го почнале од родниот град, бил патоказот кон нашата убава Струмица, како место кое раѓа таленти и успешни спортисти во сите спортови. Затоа, во име на спортскиот дух и иднината на спортот во нашиот град ве поздравувам и ви посакувам добредојде на денешната средба.
Во изминативе дванаесет години општина Струмица активно го помагаше развојот на спортот и директно учествуваше во изградба на игралишта и терени. Така и ќе продолжиме, рече кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, доктор Коста Јаневски на средбата со спортистите и спортските работници од градот, на која присуствуваа и носителот на листата на советници од СДСМ Марјан Даскаловски, пратеничката Катерина Кузмановска и кандидати за советници.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK