AMD Strela

 

Горан Тренчовски:Македонските филмски сиви еминенции не простуваат успех

Горан Тренчовски:Македонските филмски сиви еминенции не простуваат успех
Објавено на: 02 Oct 2017
Интегрална изјава на режисерот Горан ренчовски на денешната прес конфереција во Скопје:
Како филмски автор, под притисок на јавноста, поттикнат од поддршката од семејството, од медиумите, пријателите од светот и Македонија, како и сите други правдољупци и поклоници на седмата уметност, ви ветувам дека ја продолжувам демократската битка за разобличување на овој срамен скандал. Ние бевме подготвени и самите да си ги покриеме трошоците од сопствени средства за промоција на филмот во САД. Бевме подготвени дури и да се откажеме од кандидатурата и да му дадеме предност на другиот кандидат. Но мене ми е повеќе од јасно дека вистинската причина за спречувањето за номинација не е квалитетот на нашиот филм, туку тоа се најмалку две други причини. Едната е секако „идеолошка“, како во времињата кога имало цензури и забрани. Другата е обидот за нанесување лична штета за да не добијам поддршка за мојот следен долгометражен игран филм.
Јас го добив овој филм како режисер по 25 години макотрпна работа во културата и уметноста во Македонија, а ни беше одобрен буџет како за дебитант. Со продукцијата ги урнавме сите претходни клишеа на филмската продукција, кога станува збор за третман на сложени теми, а според сите релевантни показатели испадна дека ова е најгледаниот и најнаградуван македонски филм во изминатата сезона, дома и во странство. Докажавме дека и со малку средства доделени од Агенцијата за филм и со многу пожртвувана работа и љубов, може да се направи убаво филмско дело. Но очигледно македонските сиви еминенции не можат да ти го простат успехот, макар постигнат и наспроти сите можни пречки. Тие можеби и ќе продолжат да негираат, но не можат да ни ги одземат знаењето, волјата, искуството и слободата.
Поради скандалозната намера оваа година Македонија да нема претставник во трката за Оскар, јавно го отвораме проблемот со постоење на филмската „мафија“ во Македонија. На потег се државните институции во кои неизмерно веруваме. А за нанесената колективна и приватна штета, покренуваме судски процес против инволвираните.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK