AMD Strela

 

Ветераните го враќаат сјајот на струмичката кошарка

Ветераните го враќаат сјајот на струмичката кошарка
Објавено на: 03 Oct 2017

Од март годинава поранешни струмички кошаркари предводени од тренерот Гоце Николов-Германо по поевеќегодишна пауза повторно се собраа на тренинг под обрачите. Идејата е на поранешниот плејмејкер на Струмица и тренер, Слободан Коцев-Дачо. Него го повикале колегите од Пелистер од Битола да им биде засилување на натореварот со Задар во Хрватска.

-Јас не бев физички подготвен и не можев да настапам, но им ја „украдов“ идејата на битолчани. Веднаш контактирав со нашиот поранешен тренер Гоце Николов-Германо, како и со Петар Настев, Павле Узунов и други. Се собравме петнаесетина поранешни кошаркари и се договоривме да направиме екипа и да се регистрираме како здружение на граѓани. Веднаш стартувавме со тренинзи и за бргу настапивме на турнирот во Кавадарци, каде победивме на еден натпревар, но и бевме поразени на другиот и го освоивме второто место, раскажува Коцев.

Ветераните на КК Струмица на еден натпревар

По првиот настап одиграле неколку натпревари со ветераните на Здравље од Лексовац, од каде повеќе играчи ги бранеле боите на клубовите од Струмица што било основа за обновување на пријателските врски.

-По неколку одиграни натпревари дојде време и ние да орагнизираме турнир за ветерани. Ги поканивме екипите на Астибо од Штип, Тиквеш од Кавадарци, Здравље од Лексковац и Пелистер од Битола и бевме нивни домаќини во саботата. Турнирот е во чест на кошаркарите и кошаркарските работници кои не се повеќе со нас, како што се Херман Булинг, Димитар Петков, Наќе Манчев, Стојан Хаџискерлев, Кирил Рингов, Никола Николов и Тони Баџуков, додава Коцев.

Тренерот Гоце Николов-Германо и Слободан Коцев-Дачо

Основна цел на КК „Струмица Ветерани„ е враќањето на гледачите во салите на кошаркарските натпревари и да се врати некогашниот сјај на струмичката кошарка.

-Старото време не можеме да го вратиме, но сјајот на струмичката кошарка можеме. Да потсетиме на времињата кога Струмица беше шампион и кога во МКЛ играа две екипи од Струмица со голем успех-Неметали Огражден и Македонија 91. Струмичани тоа го заслужуваат бидејќи ја разбираат кошарката и повторно да се сетат како беше на некогашното градско дерби, посакува Слободан Коцев-Дачо, играч и директор на клубот.

Боите на КК „Струмица ветерани“ ги бранат: Петар Настев, Владо Ушинов, Блажо Витанов, Павле Узунов, Столе Каламерников, Звонко Кечев, Златко Зетов, Слободан Коцев, Ристо Караристов, Јордан Николов, Аце Димитриев, Коста Тимов, Митко Љочев, Гоце Андонов,Бошко Георгиев-Бизнис, кој е и претседател на клубот и тренерот Гоце Николов-Германо.

-Јас во принцип сакам поактиво да тренираме, но засега успеваат да одиграат две полувремиња во траење од по 15 мин без прекин на времето. Убаво е да бидат физички поподготвени, бидејќи во нивни години тоа е потребно. Засега тренираме два пати неделно и доколку бидат поредовни на тренинзите нема да има никакви проблеми, вели тренрот Николов.

Според него идна цел на клубот е да бараат формирање ветеранска лига под капа на КФМ, какви што веќе постојат во други балкански земји.

И тренерот Николов и кошаркарот и директор Коцев сметаат дека македонската кошарка во последниов период го достигна дното. Причина за тоа е неквалитната работа со помладите категории кошаркари, бидејќи по навршени 15 годишна возраст се губи континуитетот во работењето, односно не може да се формира вистински кошаркар.

-Во Струмица има околу 400 деца кои тренираат кошарка, но во последните петнаесетина години не сме извадиле не цел туку половина играч. Тоа според мене е една од причината што не се посетени натпреварите и што нашата кошарка е на толку ниско ниво, сметаат двајцаѕа.

Додаваат дека со сопствен пример ќе ги мотивираат младите кошаркари, со тоа што ќе присутвуваат на нивните тренинзи и ќе им демонстрираат дел од нивното богато искуство.

Ристо Тасев

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK