AMD Strela

 

Заев: Убеден сум дека СДСМ ќе продолжи да ја води Струмица

Заев: Убеден сум дека СДСМ ќе продолжи да ја води Струмица
Објавено на: 07 Oct 2017

На денешната средба со стопанствениците од Струмица лидерот на СДСМ, Зорам Заев,истакна дека и во наредниот период општината и владата предводени од владеачката партија ќе бидат сервис на деловната заедница.

-Јас сум убеден дека СДСМ ќе продолжи да ја води Струмица и во наредниот период. Такви се очекувањата и на стопанствениците и на граѓаните. Зборувавме и за сите можности кои државата ги нуди на деловната заедница и тоа како на домашните, така и на странските инвеститори. Убеден сум дека ќе ги зграбат овие можности, бидејќи бизнисот ќе оди напред и ќе дава можности за профит, за нови работни места и плаќање даноци на државата. Јас ги познавам струмичките бизнисмени. Соработував долги години со нив и верувам дека капацитетноста што ја носат со себе ќе биде одлична можност за развој на општина Струмица и ќе даваат сериозен придонес во развојот на Република Македонија, рече лидерот на СДСМ во изјавата за медиумите по завршувањето на средбата со стопанствениците.

Р.Т.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK