AMD Strela

 

Видео-Заев:Лично јас и Владата сме против рудниците

Видео-Заев:Лично јас и Владата сме против рудниците
Објавено на: 07 Oct 2017

Обраќање на лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митинг во Ново Село

Интегрален текст:

Ќе одговорам на овие транспарентни за да го знаете нашиот став и како Влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на Владата. Ставот на Владата е многу логичен. Нешто што го чекaа граѓаните и заради тоа Социјајдемократскиот сојуз на Македонија стоеше позади граѓанските организации, поддржувајќи ги во нивната борба. Едно да биде јасно. Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани. Рудникот во Иловица, ниту е  еколошки органзииран, ниту имаат геотекстил, а сакаат со цијанид да ја лужат рудата.

 Ова во Македонија е недозволиво, во мојот плоден Струмички крај е недозволиво. Затоа, нашиот став е јасен. Овој наш народ живеел со својата пот, со земјоделската мака и со својот труд. Ние ќе отвориме перспективи со она што е наш, овде ресурс, а нашиот ресурс е нашиот народ, убавото сонце што Господ ни го дал, плодното земјиште овде што го имаме и љубовта кон струмичкиот регион и Република Македонија. Затоа, благодарам на транспарентите, заедно сме со вас, за здравјето и за животот на нашите граѓани. Да сте живи и здрави, да живее Ново Село!

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK