AMD Strela

 

14 Пакистанци пронајдени во „ауди“ кај Удово

14 Пакистанци пронајдени во „ауди“ кај Удово
Објавено на: 09 Oct 2017

На 08.10.2017 година во 05.00 часот на бензинска пумпа кај с.Удово, полициски службеници од Полициска станица Валандово пронашле патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки  со 14 лица мигранти  од Пакистан, без возач.  По извршениот увид на местото, во 06.00 часот возилото и мигрантите биле превземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“. За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото било задржано во Полициска станица за Граничен премин „Богородица“, а лицата биле предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Инаку, на возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Билтен на МВР

Фото:Интернет

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK