AMD Strela

 

Јаневски: Поддршка за живот вo Струмица за сите

Јаневски: Поддршка за живот вo Струмица за сите
Објавено на: 13 Oct 2017

Интегрален текст од завршното обраќање на доктор Коста Јаневски,кандидат за градоначалник на Струмица од СДСМ

Во изминатиот период од предизборната кампања имавте можност да слушнете за мојата програма и визија за град каков што посакуваме и заслужуваме.

Ви благодарам на сите што ме следевте, што ми овозможивте истата да ја доближам и споделам со вас граѓаните, да ја збогатам со вашите мислења и сугестии, што бевте мојот стимул и мојот потстрек за овој предизвик.

 Ви благодарам на сета оваа позитивна атмосфера на градење мостови и разбирање како што доликува на едно граѓанско општество.

 Ве повикувамe на 15 октомври во недела да излезете, слободно, гордо и достоинствено да го искористите своето право на глас и да ја дадете поддршката за бројот 19 .

 Поддршка за мене како кандидат за градоначалник и советничката листа на СДСМ и коалицијата.

 Поддршка за живот во Струмица за сите. 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK