AMD Strela

 

Заев: Денес е голем ден за слободата и демократијата во Македонија

Заев: Денес е голем ден за слободата и демократијата во Македонија
Објавено на: 15 Oct 2017

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев гласаше на избирачкото место 1730 во Струмица заедно со сопругата Зорица. Тој очекува фер и демократски избори, а посакува по завршувањето на гласањето граѓаните сите да се чувствуваат како победници.

-Денеска е голем ден за слободата и демократијата во Македонија. Ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја. Денеска по пат на фер, слободни и демократски избори граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлански интеграции за Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени општини во Македонија, економски развиена држава. Се надевам на фер и демократски избори. Само така сите победуваме во Македонија. А на крајот, преку нашиот глас и преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка за иден раст и развој на сите наши општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните вечерва сите да се чуствуваат победници“, рече Заев по гласањето во Струмица.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK