Голема победа на СДСМ во Струмица и кандидатот за градоначалник, доктор Коста Јаневски. Според податоци од изборниот штаб на оваа партија победата е изразена со 6.692 гласови предност пред ВМРО ДПМНЕ. Оваа предност ќе се одрази и на идниот состав на Советот на општината, каде засега СДСМ има освоени 14 советнички места од вкупно 23. Во продолжение видеото со победничката изјава на новиот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.