Според неофицијалните и нецелосни резулати од ДИК во десетте општини од Југоисточниот регион СДСМ и коалицијата забележаа убедлива победа. Во наредните четири години социјалдемократите ќе ја водат локалната власт во Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Стар Дојран, Богданци, Гевгелија и Валандово. Досега односот на силите беше 9:1 за ВМРО ДПМНЕ.