AMD Strela

 

ОИК Струмица:Нема приговори во записниците од избирачките места

ОИК Струмица:Нема приговори во записниците од избирачките места
Објавено на: 16 Oct 2017

Според Александар Чаботарев, претседател на Општинската избирачка комисија за Струмица по завршувањето на изборниот ден нема поднесено ниту еден приговор во записниците од избирачките места од ниту еден учесник во локалните избори во општина Струмица. Според него, тече рокот од 48 часа за евентуално поднесување жалби, а по завршувањето на овој рок се очекува ОИК Струмица да излезе со официјални резултати од локалните избори во Струмица, каде според досегашните неофицијални резулати СДСМ и коалицијата остварија голема победа со разлика од над 6.500 гласови, при што победи канидатот за градоналник Коста Јаневски и советничата листа на СДСМ предводена од Марјан Даскаловски.
На локалните избори во Струмица граѓаните имаа можност да избираат од две советнички листи и двајца кандидати за градоначалници-на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и меѓу Коста Јаневски и Марјан Бајрактаров.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK