AMD Strela

 

Блаже Шапов, градоначалник на Богданци: Укажаната доверба ќе ја оправдаме

Блаже Шапов, градоначалник на Богданци: Укажаната доверба ќе ја оправдаме
Објавено на: 16 Oct 2017

Интегрален текст од обраќањето

Почитувани,
Изразувам благодарност до сите граѓани на нашата општина, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори, до сите членови, до сите волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата. 
Благодарение на вашиот ангажман Македонија се гордее со вчерашниот величествен демократски ден!
15 октомври е празник за демократијата и пример за мирно, слободно и достоинствено изразување на правото на глас на секој граѓанин на државата.
Вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. 
Од денес во Македонија има ЖИВОТ ЗА СИТЕ !!!
Но тука нашата победа не завршува!!! Таа е само почеток на градењето на подобра општина Богданци,почеток на исполнувањата кои Ви ги ветивме на Вас мои сограѓани. Одговорно и посветено,со почит спрема секој граѓанин ќе работиме рамноправно и еднакво за сите граѓани затоа што секој поединец е важен и затоа што со секој наш чекор покажуваме какви сме и кој сме.
Уште еднаш од се срце Ви благодариме за подршката, а укажаната доверба допрва ќе ја оправдаме!!!!
Со почит,
Ваш градоначалник,
Блаже Шапов!!!

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK